Над 100 -на тутунопроизводители во струмичко реагираат бидејки компанијата со која имат склучено договори-Далија Табак сеуште не го почнала откупот. Бараат државата да интервенира и произведените количини да ги откупи друга фирма. Тие се собраа во населеното место Градашорци каде го изразија своето незадоволство оти никој не им кажува што со нивните произведени количини, а давачките им се зголемуваат.
,,Бараме Владата да ни помогне и да го реши овој проблем бидејки ќе немаме пари да си ги платиме основните давачки. Ако проблемот не ни се реши излегуваме на протести. Не сме малку, само во Градашроци не има околу 80 тина производители а ги има и од околните села но и од радовишко“, рече Ерол Демов тутунопроизводител од Градашорци.
Од министерството за земјоделство кажаа дека компанијата Далија Табак нема зелено светло да врши откуп бидејки во законскиот рок не ги обезбедила финансиската гаранција за склучените договори за откуп.
,,МЗШВ прави напори за откуп на договорените количини на тутун од ланската реколта склучени со откупувачот Далија Табак. Став на министерството е дека нема да остане неоткупен ниеден лист на тутун ова година“, соопштија од ресорното министерство.
Од минситерството кажаа дека досега се откупени околу 25 одсто од договорените количини од ланската реколта.
Ване Трајков


