Непознат сторител со употреба на сила и подобен алат насилно влегол во манастирот „Св. Троица“ во Штип, при што одзел пари и клучеви.
„Вчера во 10.00 часот во СВР Штип, Д.С.(41) од Штип пријавил дека во временскиот период од од 20.00 часот на 10.01.2021 до 09.00 часот на 11.01.2021, непознат сторител со употреба на сила и подобен алат насилно влегол во манастирот „Св. Троица“ во Штип , при што одзел пари и клучеви“, информираат од СВР Штип.
Од таму велат дека увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип и се работи на расчистување на случајот.