При претрес на две лица од Кочани, пронајдени се и одземени пакувања на хероин и марихуана, предмети и накит за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела „кражба“.
„Вчера околу 16,30 часот во Кочани од полициски службеници од Полициска станица Кочани од слобода се лишени Е.А.(33) и А.А.(31) двајцата од Кочани, бидејќи по претходно обезбедена судска наредба, при извршен претрес во нивниот дом, пронајдени и одземени се пакувања хероин и пакувања марихуана, предмети и накит за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривични дела „кражба“. По документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок“, информираат од СВР Штип.