Четвртата рунда во ФА Купот ни го носи најголемото дерби во англискиот фудбал. Манчестер Јунајтед. Три дена по лигашкиот натпревар на „Енфилд Роуд“, овојпат улогите ќе се променат и „црвените ѓаволи“ ќе го угостат актуелниот шампион на Англија.
Освојувачите од минатата сезона Арсенал, ќе играат со подобриот од одложениот дуел помеѓу Шрусбери и Саутемптон. Изненадувањето во ФА Купот оваа година, малиот тим на Чорли кој ги елиминираше Виган и Дерби Каунти, сега ќе има уште потешка задача против премиерлигашот Волвс.
Питер Крауч извлече поволна ждрепка за екипата на Манчестер Сити. Тие ќе се соочат со четвртолигашот Челтенам, а Тотенхем ќе го вкрсти копјата со тимот од Чемпионшип, Вукомб.
Целосниот ждреб за 1/16 финалето ви го приложуваме во продолжение:
Челтенам-Манчестер Сити
Борнмут-Кроули
Свонси-Нотингем Форест
Манчестер Јунајтед-Ливерпул
Саутемптон/Шрусбери-Арсенал
Барнсли-Норич
Чорли-Волвс
Милвол-Бристол Сити
Брајтон-Блекпул
Вукомб-Тотенхем
Фулам-Барнли
Шефилд Јунајтед-Плимут
Челзи-Лутон
Стокпорт/Вест Хем-Донкастер
Брентфорд-Лестер
Фото:
en.as.com