Во Србија пристигнаа уште 18.075 дози од Фајзер/ БиоНтек вакцините – ММС
ММС

Објавено на: 01/11/21 3:20 PM

Во Србија пристигнаа уште 18.075 дози од Фајзер/ БиоНтек вакцините

Уште 18.075 дози вакцини од Фајзер? БиоНтек пристигнаа денес во Србија, изјави денеска епидемиологот и член на Кризниот штаб за борба против корона вирусот, Предраг Кон.

До крајот на месецот се очекува да пристигнат уште половина милион дози од вакцината Спутник V, како и милион дози кинески Синофарм, прецизира Кон за ТВ Прва.

Досега се дадени околу 11.500 дози вакцина против корона вирусот во Србија, а интензитетот ќе се зголеми кога бројот на вакцини во земјата, додаде тој.

Тој исто така оцени дека во наредните денови ќе се види по бројот на нови случаи на инфекција, дали имало стагнација, мало зголемување или „одржување на падот, што би било најдобро“ за време на новогодишните и божиќните празници.

Преземено од: https://vijesti.ba/