Тим нуркачи од индонезиската морнарица ја извадија турбината на авионот што се урна во морето Јава во саботата непосредно по полетувањето, објавија властите.
„Турбината е пронајдена од поморскиот брод Ригел, опремена со тродимензионален сонар“, велат високите офицери Ори Ронсмбре.
Претходно, беа откриени делови од авионот и делови од телата на загинатие, за кои се верува дека им припаѓаат на жртвите на Боингот 737-500 Сривиџа, кој исчезна од радарот во саботата, само четири минути по полетувањето од аеродромот во Џакарта.
Нуркачите тргнаа во потрага по црните кутии на авионот со 62 патници и членови на екипажот, што се урна во Јаванското Море, објави индонезиската морнарица, а пренесува „Индекс“.
Војската во неделата соопшти дека биле лоцирани црни кутии кои содржеле снимачи на податоци за лет, како и снимачи на звук во пилотската кабина. Засега не е позната причината за падот на авионот, но порталот Flightradar24 објави податоци кои покажуваат како авионот одеднаш забавил и започнал да паѓа кратко по полетувањето.
Преземено од: https://www.telegraf.rs/