Мутацијата на корона вирусот може да покаже лажен негативен ПЦР тест – ММС
ММС

Објавено на: 01/11/21 11:32 AM

Мутацијата на корона вирусот може да покаже лажен негативен ПЦР тест

Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) го предупреди медицинскиот и лабораторискиот персонал дека генетските мутации од корона вирусот, вклучително и варијантата Б.1.1.7 откриена во Велика Британија, може да доведат до лажно-негативни резултати од молекуларен тест (ПЦР) кога се тестираат за ковид -19.

PCR-тестот е молекуларна постапка заснована на докажување на присуството на вирусни РНК молекули.

Агенцијата го предупреди персоналот во клиничката лабораторија за можни лажни негативни резултати од кој било тест за ПЦР и ги повика внимателно да ги следат ваквите резултати во комбинација со клинички набљудувања и да го повторат тестот, но и со некој друг тест доколку сеуште се сомневаат во ковид-19. Лажен негативен резултат може да се појави со кој било тест за PCR доколку мутацијата се случила во дел од неговиот геном што се тестира, предупредува ФДА, додавајќи, сепак, дека ризикот од такви мутации да влијаат на целокупната точност на тестот е мал.

Агенцијата забележа дека анализата утврдила дека резултатите од трите теста за корона вирусот, кои биле одобрени за итна употреба во САД, можат да бидат засегнати од генетски мутации на корона вирусот, но се чини дека овој ефект не е значаен, објави хрватскиот портал Индекс.

Позаразна варијанта на ковид-19 што го погоди Велика Британија е забележана во најмалку пет сојузни држави во САД, рече минатата недела директорот на Националниот здравствен институт Френсис Колинс, а научниците во петокот објавија дека новоразвиените вакцини треба да имаат ист ефект против новата варијанта  на корона вирусот.

Штефан Хан од ФДА посочи дека Агенцијата ќе продолжи да ги следи генетските мутации со корона вирусот со цел да се осигури дека сите досега одобрени тестови даваат точни резултати. ФДА во моментов верува дека лиценцираните вакцини остануваат ефикасни во заштитата од мутирани соеви.

Преземено од: http://www.rtv.rs/