Домашниот компир ни скапува по магацините, а се увезува компир од странство, обвинуваат земјоделци од тетовска Мала Речица. Само едно семејство од ова населено место има над 800 тони компир.
Семејството Рушити вели дека од кога го собрале комппирот во октомври минатата година никој не прашува за негова продажба. Домашниот компир скапува во нивните магацини, на сметка на компирот кој се увезува од странство.
Од ова семејство, велат дека во нивните магацини има над 800 тони компир. За истиот некој ако праша а се случува ретко, се нуди цена до 7 денари што е пониска цената од таа за килограм произведен компир.
Со вакви проблеми се соочуваат речиси сите семејства од тетовска Мала Речица кои произведуваат компир. Ако државата не преземе мерки и не го забрани увозот на странски компор,тетовските земјоделци најавуваат протести и блокади на улиците.
(З.Д.)