Турција: Корењата од дрвјата над површината на земјата ги изненадуваат минувачите – ММС
ММС

Објавено на: 01/10/21 9:48 PM

Турција: Корењата од дрвјата над површината на земјата ги изненадуваат минувачите

Природата отсекогаш наоѓала начини за да го воодушеви човекот. Една од таквите глетки е забележана и во Дијарбакир, во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).

Имено, во населбата Ортагач, жителите и посетителите во областа Ергани сведочат на појавата на корења од дрвјата над површината на земјата, до што доведе ерозијата.

Корењата од околу 300 стебла даб над површината на земјата, во областа Ергани, во Дијарбакир, предизвикуваат чудење кај минувачите, кои често ја фотографираат оваа појава.

Агенција Анадолија