Поради обилните дождови беа поплавени многу имоти околу езерото Скадар, како и главниот пат на тоа место, додека до некои куќи може да се стигне само со чамец. Локалните жители ја спасуваат стоката и автомобилите и ги чуваат куќите да не влезе вода во нив.
Тие се плашат од можно понатамошно покачување на водостојот на езерото, но се очекува утре дождот да престане.