Патарините на автопатот Штип-Миладиновци, ќе чинат 160 денари во еден правец – ММС
ММС

Објавено на: 01/10/21 8:06 PM

Патарините на автопатот Штип-Миладиновци, ќе чинат 160 денари во еден правец

Две патарини ќе добие автопатот Штип-Миладиновци. Едната, во Преод, ќе чини 50, во Кадрифаково 70 денари. Ова значи неместо сегашните 40, патувањето од главниот град до Штип, во должина од  47 километри граѓаните ќе ги чини 160 денари во еден правец.

Сител објави дека изградбата на 2 те нови патарини на автопатот Скопје Штип, ќе започне идниот месец.

Ќе се модернизираат и 5 те постоечки наплатни рампи – во Миладиновци, Глумово, Желино, Тетово и Гостивар, но од Државни патишта велат дека за сега, не се предвидени повисоки цени за овие патарини.

Со повеќе од половина година задоцнување, избран е конзорциумот Асeлсан Жикол, кој за 12,5 милиони евра ќе ги реконструира  патарините.

сител.мк