Гас Папатанасиу има 19-годишен стаж во американските полициски сили, од кои најголем дел поминал како офицер во полицијата во Кангресот во Соединетите држави. Роден е во Лерин, Грција, но израснал во Њујорк. Тој е актуелен претседател на Полицискиот синдикат. Папатасиу, заедно со своите колеги, изминатата среда доживеал настани без преседан.
-Кога сте полицаец, особено во Вашингтон, секој ден одите на работа и не знаете што да очекувате“, раскажува Папатанасиу во интервју за „Катимерини“, наизменично говорејќи англиски и течен грчки јазик.
-Но, никогаш не мислев дека ќе така ќе биде нападнат Конгресот“, вели тој, и во неговиот глас сè уште одекнува тон на неверување.
Сè започна кратко време по пладне на 6 јануари.
Хаос. Извици на бесната толпа кој врескала, удирала во јавност и полицајците, се искачувала по sидови и успеала да го стори до неодамна незамисливото: да ги отвори ги вратите од Капитол, притоа осквернувајќи еден од главните споменици на нацијата и, пред сè, националните вредности , оставајќи пет лица мртви.
„Никогаш не мислев дека некогаш ќе доживеам вакво нешто“, вели Папатанасиу.
Тој тврди дека полицијата знаела дека тој ден ќе има многу луѓе во Вашингтон и дека митингот бил претходно испланиран.
-Ние едноставно не знаевме дека тие ќе упаднат во Капитол и ќе влезат внатре за време на седницата на Конгресот“, изјави тој, истакнувајќи дека тоа што се случи, беше првпат по војната во 1812 година.
-Нашето раководство не успеа да се справи добро. Мислам дека беа лошо подготвени за нешто од оваа големина “, изјави тој за„ Катимерини “.Капитол беше блокиран од немири, две експлозивни направи беа пронајдени на локации на неколку блока подалеку, каде беа испратени полицајците од Капитол, тој рече – „сè беше направено истовремено, мислам дека тоа беше план“. Но, тој верува дека дури и да беше двојно поголем број офицери во Капитол, тие сепак ќе беа совладани од бројот на поддржувачи на Трамп на лице место. Тој вели дека Националната гарда „требаше да биде таму со нас“ порано.
-Началникот, од она што го слушам, ги одбил повиците од Националната гарда“, забележува Папатанасиу, додавајќи дека не само раководството, туку и одделот за разузнавање на полицијата во Капитол „не успеаја да одговори на време“. Она што се случи беше „повик за будење“, вели тој.
Откако фотографиите и видеата од настанот започнаа да кружат низ медиумите и на Интернет, многумина ја критикуваа полицијата што дозволи на толпата да влезе внатре.
За време на нередите во средата, Папатанасиу рече дека се’ се случувало толку многу брзо. Но, потоа, кога се’ заврши, почувствувал бес – се чувствува вознемирен и деморализиран, вели тој. „Тоа беше нешто друго“, забележува тој, повторувајќи дека никогаш не помислил дека такво нешто ќе се случи, особено во ДЦ, „каде што имаме наплив на полициски агенции, од федерални агенции до локални агенции, имаме национална гарда“, вели тој.
Стивен Санд, шефот на полицијата во Капитол во САД и уште двајца високи функционери поднесоа оставки во четвртокот, но Папатанасиу инсистира на тоа дека тоа нема да биде доволно.
-Началниците што беа на должност треба да дадат оставка или да бидат деградирани, и кој и да беше одговорен за нашиот оддел тој ден“, вели тој. „За да одиме напред, треба да работиме заедно во Конгресот за да ги направиме работите подобри и побезбедни“, тврди тој.
Според полициското соопштение, едно од петмината лица кои го загубија животот како резултат на нападот беше полицаецот Брајан Д. Сикник, „кој почина од повредите здобиени додека го штитеше американскиот Капитол“.
Папатанасиу смета дека имале среќа што трагичниот број на загинати не е поголем, нешто што можеше да се случи ако толпата имаше огнено оружје или експлозив.
„Спроведувањето на законот никогаш не треба да зависи од политиката, но се надевам дека на политичко ниво, Конгресот ќе може да работи заедно за да се смири напнатоста низ целата земја“, вели тој – „за да ги обедини луѓето на оваа земја наместо да ги дели “.
Катимерини