Вредноста на акциите на Twitter паднале за речиси четири проценти откако оваа социјална мрежа трајно го блокира профилот на Доналд Трамп.
Цената на акциите сега е 49,54 УСД, што е за 3,77 проценти помалку од петокот, кога изнесуваше 51,48 УСД.
Официјалната причина за трајната забрана е ризикот од понатамошно поттикнување на насилство од страна на Трамп, пишуваат американските медиуми.
Актуелниот претседател на САД имаше повеќе од 88 милиони следбеници.