Неодамна американската пивска компанија „Бадвајзер“ на невообичаен начин му оддаде чест на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лео Меси. Аргентинецот против Ваљадолид го постигна 644-от гол за Барселона и го сруши рекордот на Пеле по број на постигнати погодоци во еден клуб, а тоа претставуваше повод за „Бадвајзер“ на оригинален начин да покаже големо почитување за ѕвездата на Каталонците.
Од компанијата креираа посебни шишиња за сите 644 голови на Меси и ги испратија до сите 160 голмани против кои Меси ја затресол мрежата. Меѓу големите имиња како Буфон и Облак се најде и поранешниот голман на Валенсија, Диего Алвес. Алвес се „пофали“ на социјалните мрежи со подарокот, а неговиот соиграч од бразилската репрезентација не успеа да оддолее и да не се пошегува со него на таа тема.
-Доколку останеше таму уште две години, ќе можеше да отвориш бар, коментираше некогашниот бек на Атлетико Мадрид и Челзи.
Фото:
time24news.com