Следните денови во јануари ќе поминат вообичаено облачно со врнежи од дожд. Овогодинешниот снег ќе се почека уште извесен период. Врнежите пообилни ќе бидат во северните и северозападните делови каде локално се очекува да наврнат и над 30 л/м2. Врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со засилен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 70 км/час.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 13 степени.
Во Скопје, облачно со пообилни, повремено поројни врнежи од дожд, особено претпладне. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 6 степени.
И во понеделник ќе се задржи облачно време со врнежи од дожд, на места пообилни и поројни, проследени со засилен ветер. Поради продор на постудена воздушна маса од север од вторник се очекува заладување со врнежи од снег на планините, а на некои повисоки места врнежи од дожд и снег.


