Гоца Тржан сподели фотографија од зимување: Ѕвездите од „Tap 001“ се собраа на едно место – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/21 3:13 PM

Гоца Тржан сподели фотографија од зимување: Ѕвездите од „Tap 001“ се собраа на едно место

Членовите на некогашната група „Tap 001“ на чело со Гоца Тржан и Ивана Петерс повторно се собраа, а судејќи според објавите на социјалните мрежи, се чини дека добро се забавуваат. Пред дваесетина години тие беа неразделни, но тоа се промени и секој тргна на своја страна. Сепак, сега решија повторно да се сретнат и да се потсетат на старите денови.

Гоца Тржан на својот инстаграм профил сподели нивна заедничка фотографија од планина, на која се гледа дека сите заедно уживаат. Покрај Ивана и Гоца, на средбата се и Ѓорѓе Пајовиќ, Петар Ступар и Милан Бојаниќ.

За потсетување, Тржан прва ја напушти групата и тоа во периодот на најголема популарност, а во една прилика изјави дека тоа била единствената исправна одлука.

По дочекот на новата 1999 година имавме многу малку настапи и немавме пари. Одлучувачкиот момент беше кога тргнав на стоматолог со 50 марки во мене. Почнав да размислувам што ако тој ми го поправи забот и сфати дека имам уште еден кариес, а јас немам како да се вратам дома. Не би имала пари за такси, туку би морала да седнам во автобус, а јас сум Гоца од „Tap 001“. Само ми „кликна“ дека треба да си заминам од групата. Имшае многу енергија меѓу нас. Ги поканив на вечера и им соопштив дека ја напуштам групата. Секако, кажав дека ќе ги испочитувам сите договорени настапи и ќе  почекам додека да најдат нов член. Тие ми се јавија во текот на утрешниот ден и ми кажаа ека сум слободна –  изјави тогаш Гоца.

 

Извор:    pulsonline.rs