„Натерајте“ се себеси да се движите 11 минути дневно: Здравјето ќе ви биде благодарно – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/21 7:55 AM

„Натерајте“ се себеси да се движите 11 минути дневно: Здравјето ќе ви биде благодарно

Поради пандемијата со коронавирусот, луѓето се’ помалку се движат, но  и студиите за здравствените ризици од долготрајното седење,  не недостигаат. Едно ново истражување носи добри вести – и покрај големиот дел од времето што го поминуваме во седење, со само единаесет минути движење дневно може да се продолжи животниот век.

Според претходните истражувања пак, потребно е да се вежба 60 до 75 минути дневно за да се продолжи животниот век, но  тие се темелат на податоците што испитаниците сами ги пријавиле.

Сепак, студијата објавена во научното списание “British Journal of Sports Medicine” наведува дека претходните истражувања користеле несоодветна методологија, поради што луѓето погрешно би можеле да го запаметат нивото на своите активности, пишува СиЕнЕн.

 

Извор:      srbijadanas.com