Времето денеска ќе претежно облачно, попладне и во текот на ноќта кон недела не’ очекуваат врнежи од дожд кои поради продор на постудена воздушна маса ќе има услови повремено да преминуваат во снег и на некои повисоки места во северните делови, а можна е и локална појава на замрзнат дожд. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени – соопштија од УХМР.
Во Скопје претежно облачно, попладне и кон крајот на денот со врнежи од дожд, а на околните планини со врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Во недела и понеделник времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, на места пообилни и со пороен карактер. Повремено ќе дува засилен јужен ветер.
Од вторник поради продор на постудена воздушна маса врнежите на планините ќе бидат од снег, а повремено услови за снег ќе има и на некои повисоки места. Ветерот ќе го промени правецот во северен.