(ВИДЕО) Голманот на Брест за малку ќе постигнеше ефективен автогол – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/21 8:08 PM

(ВИДЕО) Голманот на Брест за малку ќе постигнеше ефективен автогол

Последното коло во француското првенство на екипата на Брест му донесе солидна победа од 2:0 над Ница. Муние во 23-тата и Онора пет минути подоцна беа стрелци за домаќините кои по 18 одиграни мечеви цврсто го држат 10-тото место на табелата.

Сепак, ниту голот на Муние, ниту пак оној на Онора не го одбележаа натпреварот. Чуварот на мрежата на Брест, Готие Ларсоња, „од ништо непредизвикан“ деганжирањето на вратената топка до него за малку ќе го претвореше во ефективен автогол. Ударот фати чуден правец на движење, а Ларсоња имаше среќа што таквиот непромислен потег нема уште долго да се врти на шпиците низ светот.

 

 

 

 

Фото:

theglobalherald.com