На речиси сите патишта во Србија, освен на автопатиштата и патиштата на крајниот север на Војводина, возачите вечерва ги очекуваат вистински зимски услови, соопштуваат од АМСС и ги потсетуваат возачите на задолжително носење зимска опрема, пренесуваат српските медиуми (фото:РТВ).
На патиштата главно снегот бил околу пет сантиметри, а најдебела снежна покривка имало на подрачјето на општините Нови Пазар, Сјеница, Тутин, Ивањица, Заечар, Књажевац, Пирот, каде што сообраќајот се одвивал во најтешки услови.