Во поплавите во Малезија, кои сè уште траат, загинаа 8 лица, илјадници се евакуирани – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/21 7:12 PM

Во поплавите во Малезија, кои сè уште траат, загинаа 8 лица, илјадници се евакуирани

Бројот на евакуирани лица поради поплавите предизвикани од монсунските дождови во шест сојузни држави во Малезија достигна речиси 50 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците на официјалната веб-страница на Единицата за социјална заштита на Малезија, поради монсунските дождови од сојузните држави Паханг, Јохор, Келантан, Теренгану, Перак и Сабах кои паѓаат од 1 јануари, евакуирани се вкупно 48.108 лица.

Поради поплавите досега животот го загубија вкупно 8 лица, од кои 4 лица во државата Паханг, 3 во Јохор и 1 во Келантан.

Сингапурскиот Црвен крст соопшти дека ќе донира 50.000 долари за жртвите од поплавите.

Поплавите предизвикани од поројните дождови кои започнаа на 1 јануари најмногу ги зафатија државите Паханг и Јахор. Од двете држави вкупно беа евакуирани повеќе од 7 илјади лица.

Подоцна, бидејќи врнежите ги зафатија околните држави, бројот на погодени од поплавите се искачи на 20 илјади.