Јужна Кореја бара отштета од Јапонија за „сексуалните робинки“ од Втората светска војна – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/21 6:09 PM

Јужна Кореја бара отштета од Јапонија за „сексуалните робинки“ од Втората светска војна

Јужнокорејски суд денеска и’ наложил на Јапонија да исплати отштета за 12 жени од Јужна Кореја кои биле принудувани да работат како „сексуални робинки“ на јапонските трупи во текот на Втората светска војна, а таа одлука веројатно ќе влијае на односите меѓу двете земји зашто Јапонија веднаш вложи дипломатски протест поради пресудата, пренесуваат српски медиуми повикувајќи се на „Танјуг“.

Судот во Сеул пресудил дека јапонската Влада мора да плати по 91.360 долари за жените кои во 2013 година поднеле тужба против „сексуалното ропство“ во Втората светска војна, кога Јапонија го имала окупирано Корејскиот Попуостров, пренесува АП.

Седум од 12-те жени што поднеле тужба пред осум години починаа чекајќи ја пресудата. Уште 20 жени имале поднесено тужби против Јпонија, а пресудата се очекува следната седмица.