Откако се вршат мерења, 2020 најтопла година во Европа – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/21 6:03 PM

Откако се вршат мерења, 2020 најтопла година во Европа

Минатата година во Европа била најтопла откога се вршат мерења на температурите, соопшти денеска Службата на ЕУ за климатски промени.

Во однос на досега рекордната 2019, 2020 била потопла за 0,4 Целзиусови степени.

Ланската година се изедначи со 2016 година како најтопла година во целиот свет, јавува АП, а пренесува РТВ.