Рускиот репрезентативец на Светското првенство во 2018 година во својата Русија, беше еден од подобрите фудбалери на турнирот и го привлече вниманието на многу големи екипи од Европа. Александр Головин беше пред прагот на Челзи, но во последен момент ја промени одлуката и се пресели во француски Монако.
Играчот од средината на теренот повеќе од шест месеци отсуствуваше од терените и на лигашкиот дуел против Лориен за првпат во 2021 година го почувствува мирисот на тревникот. Неговиот камбек навистина беше неверојатен.
Во 64-тата минута поранешниот фудбалер на ЦСКА Москва од клупата влезе во игра и веднаш по првиот допир шутираше кон голот на противникот, совладувајќи го голманот на домаќините и донесувајќи му водство на Монако.
Момците на Нико Ковач на крајот „пукнаа петарда“ против Лориен која ги лансираше на шестата позиција во Ligue 1 со освоени 30 поени.
Фото:
goal.com