Доктор Нико Беќаровски, од Клиника за токсикологија е изнервиран од однесувањето на верниците и свештенството, кои на Божик, сите причествуваа со една лажичка. Тој на својот Фејсбук профил иронично им порача дека на 19 јануари, на Богојавление докторите нема да бидат достапни, туку ќе се „бањаат“.
-Сите Вие кои вчера со едно исто лажиче по храмовите се причестивте, десетмесечниот деноноќен труд на белите мантили го обесчестивте. Кога на 19 јануари ќе Ви требаат белите мантили, а не црните мантии, ние ќе се “бањаме” за да симнеме дел од потта под скафандерите и талкот под ноктите, рече д-р Беќаровски и додаде:.
„Отворете ги кафеаните, таму барем даваат едно лажиче за еден гостин“.
Сите Вие кои вчера со едно исто лажиче по храмовите се причестивте, десетмесечниот деноноќен труд на белите мантили го…
Posted by Bekjarovski Niko on Friday, January 8, 2021