Ердоган: Случувањата во американскиот Конгрес се шокантни – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/21 1:56 PM

Ердоган: Случувањата во американскиот Конгрес се шокантни

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган ги опиша неодамнешните случувања во зградата на американскиот Конгрес, како шокантни.

„Тој процес кој се случи во Америка, која ја нарекуваат колевка на демократијата, навистина го шокираше светот. На семејствата на жртвите им посакувам да имаат трпение, а на повредените побрзо опоравување“, порача Ердоган од Истанбул.

Тој изрази надеж дека предавањето на власта од претседателот Доналд Трамп на новоизбраниот претседател Џо Бајден, ќе помине мирно.

За потсетување, поддржувачите на Трамп во средата упаднаа во зградата на Конгресот, откако претходно организираа собир. За време на протестот, тој одржа говор тврдејќи дека изборите се наместени. Во нередите имаше и жртви, а зградата претрпе голема материјална штета.

Трамп неколку пати ги повика демонтрантите да одат во своите домови и да го почитуваат законот. Инаку, тој вчера за првпат призна дека на неговиот претседателски мандат веќе му дошол крајот.

 

Извор:    rs-lat.sputniknews.com