Јапонските власти прогласија нова вонредна состојба: Новиот сој на коронавирусот се’ повеќе се шири – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/21 11:00 AM

Јапонските власти прогласија нова вонредна состојба: Новиот сој на коронавирусот се’ повеќе се шири

Владата на Јапонија прогласи вонредна состојба во пошироката област на Токио, каде што живеат 37,2 милиони луѓе, поради брзото ширење на новиот сој на коронавирусот. Вонредната состојба ќе остане на сила и во текот на следниот месец, објави вчера премиерот Јошихиде Суга.

Вонредната состојба ќе биде во сила од 8 јануари до 7 февруари, а владата исто така ќе повика на скратување на работното време за угостителската служба, преминување кон режим на работа од дома и ограничување на бројот на учесници на јавни настани. Покрај тоа, владата ќе побара од жителите на пошироката област на Токио да не ги напуштаат своите домови за време на вонредна состојба, освен ако не е потребно, а во истиот период, програмата за поттикнување на домашниот туризам ќе биде суспендирана, пренесува ТАС С.

Епидемиолошката состојба во Јапонија започна да се влошува од почетокот на ноември, а во текот на декември, властите редовно пријавуваа рекорден број новозаразени и нови смртни случаи. Досега се потврдени повеќе од 245.000 случаи на инфекција во земјата, додека повеќе од 3.600 луѓе починале.

 

Извор:       espreso.rs