Колку трае заштитата од коронавирусот што ја обезбедува вакцината? – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/21 9:54 AM

Колку трае заштитата од коронавирусот што ја обезбедува вакцината?

Секоја вакцина што ги поминала проверките и која веќе е регистрирана, е безбедна и може да се користи. Ова како што пренесуваат српските медиуми, е ставот на епидемиологот, Срѓа Јанковиќ. Според него, кога се работи за вакцинацијата имунитетот може да се стекне доколку се вакцинира над 80 проценти од населението, но сепак треба да се оди чекор по чекор.

„Поважно е постепено да ја спроведуваме вакцинацијата. Минимум 20 проценти од луѓето да се вакцинираат во текот на оваа година, но нема да останеме на тоа“, потенцира епидемиологот за српскиот јавен сервис.

Тој потсетува дека минималното време што треба да помине меѓу примањето две дози вакцина е две до три недели. Тоа време е потребно за да може имунолошкиот систем да ја „регистрира“ таа информација, а заштитата од вирусот потоа би требало да трае до две години.

 

Извор:   espreso.rs