Дури 50 проценти од мажите откриле дека изборот на прстен е најголемиот проблем за нив.
Многу девојки ги измачува мислата зошто на партнерот им треба долго време да ги запроси и се прашуваат дали тој некогаш ќе го направи тоа. Космополитен го пренесува истражувањето кое опфатило илјада мажи и го открива одговорот на ова прашање.
Истражувањето откри дека главниот проблем за мажите е финансиската состојба и дека тоа е претежно најголемата пречка на патот до запросување. Дури 27 проценти од мажите велат дека заработката им е премала за да предложат брак, додека 27 проценти велат дека веќе се во долгови, 17 проценти сметаат дека свадбите се прескапи, а на други 17 проценти им смета долгот на партнерот.
Дури 50 проценти од мажите откриле дека изборот на прстен е нивниот најголем проблем и дека чувствуваат голем притисок кога станува збор за тоа, а 40 проценти од мажите изјавиле дека очекувањата на нивните партнери се преголеми и се плашат дека нема да можат да ги исполнат.
Сепак, многу мажи изјавиле дека постојат и други фактори кои се земени во предвид кога се предлага брак. На пример, тие гледаат колку е долга врската, колку е здрава нивната партнерка и каков е нејзиниот животен стил но и какви се нејзините финансии. Интересно е да се напомене дека мажите кои веќе се развеле еднаш рекле дека најважно за нив е квалитетот на сексот како и сексуалната способност на нивната партнерка.
FOTO: ILUSTRACIJA