Нови предлози за новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК), поддржани од ВМРО-ДПМНЕ, се професорот Александар Даштевски, за претседател, и Бобан Стојановски, дипломиран правник вработен во Собранието на Република Македонија, за член, објави Алфа ТВ повикувајќи се на извори во партијата.
Мандатот на актуелниот состав на ДИК истекува на крајот на овој месец. Собранието неодамна распиша оглас за избор на нов состав на Комисијата.
ВМРО-ДПМНЕ, како водечка партија во опозиција, ќе добие две места од кои едното претседателско Како втора опозициска партија во парламентот, едно место во ДИК би добила и Алијанса за Албанците.
Партиите на власт, пак, предлагаат потпретседател (кој би бил од редовите на ДУИ) и тројца членови (СДСМ)
Доколку Даштевски биде избран, ова нема да биде негово прво искуство во ДИК. Тој беше избран за член на Комисијата и пред парламентарните избори во 2006 година, тогаш како кадар на ВМРО-НП.