Уникатна празнична честитка од „улица Божиќна бр. 20/21“ и тимот на Пирка.
„Погледни ја новата година во поинакво светло. Празнувај со другите на свој начин. Овој Божиќ, нека целиот град биде твое пошироко семејство!“
„Не е лесно да си кул во маало, ама на добар пат сме…“. е онлајн божиќна честитка изработена од „Пирка“ – колектив кој презентира различни видови на уметност на уникатни избрани локации преку аудиовизуелната уметност, по идеја на Стефан Александар Јовановски.
„Видеото е снимено во скопската населба Автокоманда, а во него учествувале сите станари од најбожиќната зграда во Скопје“, велат од организацијата „Пирка.авх“.
По режија и сценарио на Влатко Владимиров, во видеото играат Тео, Саша и станарите од зградата.
За камерата одговорни се: Тео Ангеловски, Марко Марјановиќ и Борис Ралев. Музиката е на Антоние Весковски. За осветлувањето одговорен е Мартин Димитријев Борец.
На овој линк погледнете ја божиќната честитка.