Две лица со тешки повреди од остар предмет – ММС
ММС

Објавено на: 01/7/21 5:44 PM

Две лица со тешки повреди од остар предмет

Две лица од селото Сингелиќ и Арачиново синоќа се здобиле со тешки телесни повреди од остар предмет.

Полицијата соопшти дека синоќа во 19:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на бензинската пумпа на подрачје на Гази Баба има едно повредено лице. Оттаму посочуваат дека подоцна била добиена информација дека со патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, С.И.(33) од с.Сингелиќ бил донесен повреден со остар предмет во Градската општа болница„Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

„Додека од местото на настанот, во Комплекс клиники„ Мајка Тереза“ бил пренесен Е.Е.(31) од с.Арачиново, со прострелна рана и од доктор му се констатирани тешки телесни повреди. На местото на настанот обезбедени се патничко моторно возило„сеат“ со скопски регистарски ознаки, патничко моторно возило„голф“ со скопски регистарски ознаки, чаури и остар предмет“, се наведува во соопштението на МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

фото-миа