Зидан замина во изолација: Постои можност да го пропушти следниот натпревар на Реал – ММС
ММС

Објавено на: 01/7/21 4:53 PM

Зидан замина во изолација: Постои можност да го пропушти следниот натпревар на Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан мораше итно да замине во изолација откако имал директен контакт со лице кое било позитивно на Ковид-19.

Французинот веднаш направил тест и моментално е во исчекување на резултатите, кои треба да покажат дали е негативен или позитивен на вирусот. Зидан пристигнал во тренинг-центарот на Реал утринава само да се тестира.

На првиот брз тест бил негативен, но му бил направен и втор тест или т.н. ПЦР-тест, кој е многу поверодостоен. Ако е негативен, според протоколите на Ла Лига тој ќе мора да остане во изолација и следните три дена, па повторно да направи ПЦР-тест.

Тоа значи дека Зидан веројатно нема да биде на клупата на Реал Мадрид за дуелот во сабота против Осасуна.

sport1.mk