Наместо Божиќен ручек, подароци и оброци за 800 деца – ММС
ММС

Објавено на: 01/7/21 2:29 PM

Наместо Божиќен ручек, подароци и оброци за 800 деца

Поради пандемијата годинава не се одржа заедничкиот Божикен ручек што традиционално го организира „Детската амбасада за сите деца во светот“. Наместо тоа беа поделени новогодишни пакетчиња и оброци за социјално загрозените деца, за децата без родители и децата од сите верски заедници.

Според Александра Стојаноски, извршен директор на Детската абасада, со седиште во Прилеп, традицијата останува, но годинава на поинаков начин е покажана грижата за децата и за нивната среќа на Божиќ.

„Водејќи грижа за нашите најмили кои се иднината на овој свет, а поради неможноста од физичко присуство, оваа година, на јубилејната 15-годишнина од оваа акција, нашите активности се поинакви, но сепак, да внесеме радост во детските срца. Затоа испративме околу 600 новогодишни пакетчиња и 200 оброци за околу 800 деца. Испративме во повеќе градови: во Скопје, Битола, Крушево, Штип, Охрид Струга, Прилеп и од други градови. Можеби 800 деца нема да седнат на заедничка маса, но ќе се дружиме виртуелно, преку фејсбук-страницата на нашето здружение. Останува традицијата и мотото „Едно небо за сите деца“ со надеж дека догодина пак ќе може да ја продолжиме дружбата на заедничка Божикна трпеза“, вели Александра Стојаноски.

За подароците и новогодишните пакетчиња помогнаа прилепскиот градоначалник и бројни фирми, донатори со кои здружението соработува.

фото-фб

миа