Како последица од Ковид-19 почина нашиот сограѓанин д-р Ненад Панов за кого се собираа донации за да може да се лекува на приватна клиника.
„На овој голем христијански ден, кога го славиме раѓањето на Исус, со неизмерна тага и болка ја имам непријатната должност да ви соопштам дека нашиот доктор, нашиот Нено, ја загуби битката со болеста. И покрај сите напори на медицинскиот персонал и Вашата несебична поддршка, нашиот колега веќе физички не е меѓу нас. Но, неговиот ведар дух ќе остане засекогаш меѓу нас. Ќе најдеме начини он да е крај вода, каде и да риболовиме. Ветуваме. Лесна му земја“, пишува во објавата на Фејсбук.