Паричката од бадниковото лепче се паднало кај мајката на Мицкоски – ММС
ММС

Објавено на: 01/7/21 1:13 PM

Паричката од бадниковото лепче се паднало кај мајката на Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски откри во изјавата по Божиќната литургија пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ дека паричката од бадниковото лепче во нивното семејството, оваа година се паднало кај неговата мајка Лилјана.

Токму неговата мајка секогаш е задолжена за семејниот божикен ручек, рече Мицкоски во готувањето во емисијата „Магазин“ на ТВ Сител

„Оваа година да ни биде поуспешна, оваа година да биде година на обединување, година кога како што кажа и во честитката од македонската православна  црква кога доброто ќе го победи злото, година кога ќе се радуваме наместо да тагуваме, година во која што очекувам да биде победничка како што тоа го кажа и би рекол поглаварот на македонската православна црква. Година кога ќе почнеме повторно да се почитуваме едни со други, година во која што ќе излеземе од сите оние проблеми кои што ни се случуваа изминатата 2020, тука пред се мислам на пандемијата и ефектите од пандемијата врз сите други области во државата. Така што еве уште еднаш дозволете ми од мое име да им го честитам празникот Христовото раѓање на православните христијани тие кој што го прославуваат денеска, оние кои што им е именден да им посакам да им е вечно името и се разбира на сите наши сограѓани да им посакам здравје и среќа за нив и за нивните семејства.“,порача Мицкоски.

фото-фб