Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.01.) продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, од кои 15 за управување со брзина поголема од дозволената, 24 мерки за возење без возачка дозвола, 19 за нерегистрирани и технички неисправни возила, три санкции за управување под дејство на алкохол, 11 за користење на мобилен телефон, две за непрописно престигнување и обиколување и пет мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).
На територијата на општина Чаир изречени се вкупно 84 мерки, од кои 15 за возење без возачка дозвола, 4 за техничка неисправност и нерегистрирани возила…
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.