Една жена е во критична состојба, откако е пукано во неа за време на протестот во Капитол Хил. Претходно повеќе американски медиуми известија дека во внатрешноста на зградата на Конгресот дошло до пукање, откако дел од поддржувачите на актуелниот претседател, Доналд Трамп влегле во објектот.
Агенциите пренесоа дека членовите на Конгресот се евакуирани од зградата.
Фото: Global news
Извор: vijesti.me