Оваа година ќе биде бериќетна за премиерот, Зоран Заев ако се суди според тоа дека на бадниковата трпеза во неговиот дом, паричката му се падна токму нему. Тоа може да се забележи и на фотографијата која вечерва на инстаграм ја објави неговата ќерка Александра.
По фотографијата на која пишува „Честит Бадник“ беше објавена фотографија од неа, нејзиниот брат Душко и нивните братучеди Ева и Панче.
„Среќен Божиќ, од нас до вас“ – е напишано на заедничката фотографија.