Жителите на Петриња по денешниот земјотрес најверојатно ќе бидат евакуирани. Ова вечерва го истакна градоначалникот, Даринко Думбовиќ во изјава за Večernji.hr.
Земјотресот со јачина од 5 степени по рихтер денеска се почувствува околу 18 часот во Петриња, но и во неколку други градови во централниот дел на Хрватска.
„Овој удар беше страшен и ни носи нова параноична ситуација, безизлезна ситуација и состојба на незивесност. Состојбата е катастрофална од причина што остатоците од градот ни даваат до знаење дека мора да имаме нови безбедносни мерки. Мора да се дистанцираме. Ова е порака, ова што паѓа е опасно по живот и таквата опасност демне зад секоја зграда. Епицентарот е во близина на Петриња и тие удари се толку страшни што мораме да пратиме порака дека одиме на сигурносни мерки. Тешко е ноќта да се помине во невозможни услови со страв и студ“, додаде градоначалникот.
Hrvatski list неофицијално дознава дека ќе бидат евакуирани луѓето што живеа во центарот на градот каде земјотресот направи и најголема штета, бидејќи воовој момент е ризик да се живее во тој дел.
Фото: vijesti.hrt.hr
Извор: vijesti.me