Продавниците ширум Велика Британија денес се речиси празни, бидејќи Британците купуваат панично плашејќи се дека би можеле да останат без основните намирници. Строгите рестриктивни мерки и најавата за тотално заклучување ги наведоа граѓаните скоро во целост да ги испразнат продавниците.
Фотографиите кои веќе кружат на интернет прикажуваат празни рафтори и во продавницата Tesco во североисточен Лондон, каде е останата малку тоалетна хартија – пренесува Дејли мејл.
Останатите фотографии покажуваат празни рафтови, недостиг на свеж леб и уште на некои намирници, додека некои продавници се празни и во деловите каде што се продаваат овошје и зеленчук.
Портпаролот на Tesco изјави дека нивните продавници ќе имаат доволно залиха за сите основни намирници и дека ги орхабруваат луѓето да купуваат нормално како и досега.
Фото: Twitter / James Howarth
Извор: blic.rs