Приведени две лица од Врапчишта, затворен угостителски објект – ММС
ММС

Објавено на: 01/5/21 9:41 PM

Приведени две лица од Врапчишта, затворен угостителски објект

Вечерва во 20.30 часот, од страна на полициски службеници од Полициското одделение Галате, во село Неготино, општина Врапчиште, бил  лишен од слобода М.Б.(30) од с.Неготино,  сопственик на угостителски објект во селото, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.

Имено, при извршена контрола во објектот, полициски службеници констатирале дека објектот работи, а во него имало околу 25 гости, спротивно на одлуката на Владата за работа на угостителските објекти. По документирање на случајот против него ќе виде поднесен поднедок по.чл.206 од Кривичниот законик. Од страна на Државен пазарен инспекторат Гостивар објектот бил затворен и запечатен со пломба, по што од страна на Б.Б.(37), од с.Неготино, брат на М.Б., пломбата била отстранета, по  што и тој е лишен од слобода, соопштуваат од МВР.