Реал Мадрид е предводник во трката за потписот на австрискиот репрезентативец во редовите на европскиот шампион, Давид Алаба. На Алаба му истекува договорот со „баварците“ во јуни годинава, но нема интенција да продолжи со Баерн Минхен.
Преговорите според италијанскиот новинар Фабрицио Романо прогресираат и само прашање на време е кога Алаба ќе се пресели во Мадрид. За услугите на Австриецот биле заинтересирани неколку топ клубови во Европа, меѓу кои и Ливерпул и Челзи.
Сепак, сонот на Алаба бил да го облече белиот дрес и да му помогне на тимот чиј тренер е Зинедин Зидан во освојување на нови трофеи.
Фото:
goal.com