Нумерологија: Месец јануари во знакот на бројот 6 – ММС
ММС

Објавено на: 01/5/21 5:06 PM

Нумерологија: Месец јануари во знакот на бројот 6

Како се пресметува  биоритaмиски број?
Со додавање на броевите на датумот на раѓање (не на годината!) и нивно изедначување на прост број. На пример, ако сте родени на 11 март 1978 година, вашиот биоритамски број е 5 (1 + 1 + 3 = 5).

Единица

Bие ќе бидете под влијание на бројот 7, што значи дека вие, иако сте најчесто интуитивни и разумни, сега треба да поработите на себе, за да си свртите сè во ваша корист. Прошетајте, прочитајте книга, направете сè што ве прави среќни и ве смирува. Во спротивно, ќе почувствувате одредена празнина и ментална слабост.

Двојка

Двојките ќе бидат под влијание на бројот осум, што значи дека ќе имате среќа некои работи на материјален план да ги ставете во ред. Затоа опуштете се и направете го она што е најдобро за вас, што ќе ви помогне да продолжите понатаму.

Тројка

Кај вас доминира доминира бројот 9, што значи дека овој месец ќе мора да расчистите со сè што ви тежеше досега и да ставите крај на нештата што досега  требаше да излезат од вашиот живот, бидејќи само така, вие, емотивните луѓе, можете да се справите со животните неволји.

Четири

Доминантен е бројот 1. Јакото сонце им дава на четворките дополнителна енергија да се справат со тоа што ви пречело   во претходниот период. Новиот почеток ви дава можност да бидете уште поактивни во бизнисот, затоа добро искористете  го тоа.

Петка

Петките се под влијание на бројот 2. Ќе правите чекор напред – чекор назад, и ќе ви изгледа како ништо да не ви оди од рака, но не грижете се, нема да биде така, затоа што двојката е парен број и кажува дека сами можеби нема да можете да решите ништо, меѓутоа со помош на некој што ви е близок, тоа е сосема изводливо.

Шестка

Не сте ни свесни колку  овој месец ќе ве водат емоциите. Пазете се од импулсивно однесување, избројте  до 10 пред да кажете нешто, бидејќи тројката што ќе ве придружува во овој период дава такви вибрации што ќе се чувствувате весели во еден момент, тажни во следниот момент. Затоа, обидете се никогаш да не реагирате имплусивно.

Седмица

Вие, деца со чиста душа, поради бројот 4, кој ќе доминира во вашиот живот во овој период, мора да работите на себе и да се грижите за себе, за да се издигнете духовно, за да  не „паднете“ здравствено. Тешко е да се направи тој чекор, но треба да се потрудите, бидејќи само на тој начин ќе може да се обезбедите за во иднина.

Осмица

Вие, кои го сакате вашиот мир и релаксација, кои сте лежерни, и сте под влијание на бројот 5 ќе имате чувство дека местото не ве држи, дека сте постојано во некој расчекор и дека не сакате да останете во затворен простор. Затоа, немојте да ве изненади однесувањето кое што не е соодветно  на вашата личност. Нека биде поумерено и подобро. Доколку се појави можност за тоа , одете на краток одмор.

Девет

Повеќето од вас кои во суштина  не сакате промени во животот, поради овој број 6 во текот на јануари, ќе бидете во  можност да ве бараат повеќе луѓе , дури и ако побараат совет или само да ве видат. Шестката  исто така носи убави вибрации кога станува збор за семејството, и затоа треба да се препуштите и да уживате во секој сегмент од овој период.

фото-moj portal

svetplus.mk