Спорт за битолските деца со попречености – ММС
ММС

Објавено на: 01/5/21 2:32 PM

Спорт за битолските деца со попречености

Случајна средба на родителите на деца со попречености од Битола со кошаркарот Мико Голубовиќ создаде нова можност за поактивен живот на децата, кои до тогаш немаа можност да спортуваат. Го формирале кошаркарскиот клуб „Кош“ со само пет деца, за сега да тренираат и по дваесетина. Групата е проширена со основци и средношколци од посебните паралалеки.

Во 2018 година добиле и поддршка од Општината Битола, кога се доделени средства со кои се плаќа тренерот, кој две години волонтерски работеше со децата со попречености. Иницијативата почна со кошарката, а потоа премина и со вклучување на овие деца и во културно-уметничко друштво, каде со играорците учат фолклор. Добија годишен билет за спортски натпревари, а заедно посетуваат кино проекции, се до ковид кризата.

Вратите на својот спа центар за децата со попречености ги отвори хотел Епинал, каде рекреираат, а групно посетуваат фитнес центар. Ова е уште пример на тоа како заедницата прифаќа добри идеи и возвраќа со добро.