Бока ќе атакува на титули со дефанзивецот на Манчестер Јунајтед – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/21 8:21 PM

Бока ќе атакува на титули со дефанзивецот на Манчестер Јунајтед

Јужноамериканскиот гигант Бока Јуниорс ќе атакува на Копа Либертадорес и ќе се обиде конечно да ја освои седмата титула во елитното натпреварување на континентот, засилувајќи го тимот со фудбалер на Манчестер Јунајтед.

Според Аревало Мартин и „Радио Ла Ред“, Маркос Рохо и Бока Јуниорс постигнале договор и централниот дефанзивец ќе го носи дресот на великанот во следните три години.
Анлиските медиуми ја демантираат оваа вест, пренесувајќи дека англискиот клуб нема добиено понуда од Бока и иако договорот на Аргентинецот истекува во јуни годинава, Јунајтед нема интенција да го „пушти“ Рохо за ниска цена.
Бока Јуниорс во среда се соочува со Сантос во полуфиналето од овогодинешната кампања во Копа Либертадорес.
Фото:
thelazialli.com