Хансен: Не сум сигурен дали ќе играм во Египет, навивачи не смее да има – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/21 7:36 PM

Хансен: Не сум сигурен дали ќе играм во Египет, навивачи не смее да има

Еден од најдобрите светски ракометари, Микел Хансен, сериозно ја разгледува опцијата дали ќе патува на Светското првенство во Египет, каде што неговата Данска ќе го брани златниот медал освоен пред две години.

Најважниот играч на оваа репрезентација, говорејќи за тамошниот „Jyllands-Posten“, најави дека светскиот собир би можеч да помине без него поради одлуката турнирот да се игра пред навивачи. Ведетата на ПСЖ се прашува како е можно сите ракометари да бидат во „балон“ и да ги почитуваат сите протоколи, а повторно да има публика на трибините и тоа до 5.000 луѓе.

-Не знам воошто дали треба да се игра. Не смее да има навивачи. Нека ми објаснат во што е поентата да ние играчите бидеме изолирани во хотели, да патуваме под посебни услови и автобуси, со маски, а потоа да излеземе на терен пред толку луѓе. Ризикот е огромен за сите нас. Внимателно ќе размислам дали воопшто ќе играм на Светското. Не сум единствениот на кого ова му делува бесмислени. Во земјите како Данска, Франција и Геерманија, за кои верувам дека сериозно ја третираат пандемијата, играме пред празни трибини. А сега треба да одиме во Египет и покрај сите мерки да играме пред маса луѓе. Тоа е јасен индикатор дека авторитетите не размислуваат за здравствениот аспект, туку само за економскиот, заклучи Хансен.

Данците се наоѓаат во група со Аргентина, Бахреин и Конго.

 

 

Извор:

balkan-handball.com