Распишан е меѓународниот тендер за ревитализација на дивата гевгелиска депонија кај Сува река, која ќе се реализира со 420 илјади евра од грчкиот грант кои останаа по изградбата на пречистителната станица во Гевгелија, потврдија денеска од општина Гевгелија.
„ Проектот за ревитализација предвидува изградба на уште еден заштитен ѕид на брегот на Сува река, дислокација на отпадот до новата времена депонија кај Ново Конско и хортикултурно преуредување со зелена површина на целиот простор на сегашната дива депонија, велат од надлежната општинска служба.
Од општината посочуваат дека реализацијата на проектот ќе овозможи конечно да профункционира современата времена депонија за комунален отпад, која беше изградена со јапонски грант преку УНДП. По изградбата на регионалната депонија во Добрашинци, со одлука на Министерството за животна средина и просторно планирање, депонијата кај Ново Конско првично ќе се користи како претоварна станица.
Согласно своите обврски, општина Гевгелија до депонијата изгради пристапен пат со средства доделени од Меѓународната организација за мигранти, а со сопствени средства обезбеди електрично напојување на просторот со фотоволтаични панели.
фото-24гевгелија