Кога дваесетгодишната студентка од Јужна Кореја, Рју Хан-на одлучила да направи естетска операција кон средината на декември имала едноставна причина – тоа можеби ќе и’ биде последната шанса да ја направи таквата операција пред луѓето да почнат да ги „елиминираат“ маските и пандемијата да биде завршена – пишува Ројтерс.
Одлучувачкиот фактор да го оперира носот била можноста да носи маска додека се опоравува без да привлекува внимание.
„Отсекогаш сакав да го изменам носот. Мислев дека би било најдобро тоа да го направам сега пред луѓето да почнат да ги симнуваат маските со доаѓањето на вакцината годинава. Ќе има модринки и отоци, но од маската нема да се гледаат“, изјави Рју за агенцијата Ројтерс.
Ваквиот став се’ повеќе ја зголемува побарувачката за овој тип оперативен зафат во Јужна Кореја, каде пластичната хирургија изминатата година бележи значаен пораст.
Јужна Кореја важи за една од најпопуларните дестинации за естетска хирургија, која во 2020. година во економијата донесе 10,7 милијарди долари, а се очекува да достигне скоро 12 милијарди.
Хирурзите велат дека пациентите се особено заинтересирани за оние делови од лицето што ги покрива маската, како носот и устата.
Фото: freepik.com
Извор: rts.rs