Која улога и да ја игра предизвикува внимание, таков е актерот Горан Стојановски, кој во моментов ги смее луѓето како инспекторот Томе во хумуристичната серија „Преспав“, која во моментов ја има својата пета сезона. Но, не е само Томе, тој ги смее лугето и како Џемо Биљбиљ, и како началникот во претставата „Сомнително лице“, чии реплики се раскажуваат и денес и многу други ликови кои ги одиграл. Горан за ММС откри дека и покрај тоа што сите улоги му се успешни, сепак, смета дека неговиот талент не е доволно искростен од институцијата наречена-театар. Но, и тоа дека поради ситни партински интереси се гуши и културата.
Колку улогата на инспекторот Томе те направи среќен, дали те исполнува?
-Се разбира.Како што впрочем ја прави среќна и публиката. А тоа мене ме исполнува. Задоволството е обострано.
Колку во реалниот живот има како инспекторот Томе? Вистина ли е дека сме до толку корумпирани?
-Инспектор Томе е олицетворение на менталитет повеќе, отколку на индивидуален недостаток. Што би се рекло дека ги има таквите луѓе и тоа многу. А не мислам дека сме корумпирани, туку дека сме шампиони во корупција.
Дали сметаш дека твојот голем талент не е доволно искористен?
-Да. Сметам дека не е искористен од институциите поврзани со театар. А јас лично својот талент си го користам до максимум, а воедно и го поткрепувам со емоционално-умствена работа.
Едно време беше директор, колку таа реална „улога“ ти недостасува?
-Воопшто не ми недостига. Кога добрите намери ќе ги затрупаат со ситно партиски интереси се гуши и културата. А културата е колективен дух кој треба да се развива континуирано. И е апсолутно над ситните интереси, кој за жал стануваат дел од живеењето“.
Твојот обид како директор на Центарот да го подигнеш нивото на културното живеење во Охрид баш не успеја. Тргна со големата популарност на „Сомнително лице“ и други претстави, но за жал твојата амбиција не успеја? Зошто те сменија и што ти остана незавршено?
-Има една работа кој што нашиот колективен ум не ја разбира, а тоа е чувството за заедништво. Институционалниот пристап е за жал партизиран и поради тоа се деканализира протокот на добра мисла, се потенцира индивидуалноста за разлика од тимскиот дух. Впрочем тоа е работа на неолиберализмот. Мала дехуманизација каде амбициите за општо добро пропаѓаат на секое поле. Мојата лишна амбиција се надевав дека ќе ги зарази и другите ама не било така. Мојата амбиција е присутна, зарем не е видливо, барем на личен професионален план. Ме сменија од горе наведените причини. Следи судска разврска.
Што мислиш за сега, како функционира културното живеење во Охрид?
-Може и подобро. Треба да се наместат ѕвездите.
Од каде доаѓа серотонинот што го предизвикуваш кај публиката?
-Хормонот на среќа треба сами да си го предизвикаме, не треба да чекаме некој друг да го прави тоа за нас. Ние сме свесни битија кои треба да се пилоти, а не авто пилоти. Радоста треба да се произведува, а не да кукаме и да офкаме. Мојата публика го гледа тоа, дека им ширам среќа и задоволство. Од сите живи битија на планетава само човекот се смее. Зарем не е тоа Божји дар.
Колку во улогите има дел од вистинскиот Горан, дел од неговиот карактер?
-Можеби не толку од карактерот колку од способноста да емпатирам со емоционалното живеење на другите луѓе. Па оттука да го пренесам на оригинален начин.
Каде си поблиску- до Џемо Биљбиљ или инспекторот Томе?
-Исто.Само што Томе е поактуелен во моментов“.
Зошто правиш толкави паузи меѓу проектите, иако се што ќе почнеш е успешно?
-Затоа што не се доживувам како естрада. Она што мислам дека е квалитетно тоа го правам. А не популарност по секоја цена.
Колку пандемијата влијаеше врз твоето размислување и колку приоритетите ги разменија местата?
-Проклета работа е пандемијава или можда пландемијава. Имавме сите време да размислиме за себе и за нас.
Како ги помина новогодишнитепразници? Се придружуваше ли кон препорките-празнувај паметно?
-Се разбира. Во суштина и не се потресувам многу околу кока кола дедото со бела брада.
Мики Трајковски